Нов Еразмус проект


Одобрен нов проект од Еразмус + програмата

Од 23 до 25.10.2018 година во Трутнов , Чешка Република во рамките Еразмус + програмата се реализираше првиот транснационален состанок од проектот ,,Училишта за медицински сестри од Чешка,Финска,Македонија и Шпанија, спроведуваат постапки за извршување на здравствена нега,, Овој проект е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност и е во делот стратешки партнерства во полето на училишно образование – Размена на искуства и добри практики. кој ќе се реализира во период од две години 2018 -2020 година.На средбата учествуваа професори од медицински училишта од Македонија, Чешка, Финска и Шпанија.

Темата на проектот е запознавање со различните манипулации од сестринската работа во земјите учеснички преку практични вежби со цел истовремено да се направи споредба помеѓу нив и да се пронајдат разликите и сличностите во истите. За таа цел  во кабинетите во медицинското училиште во Трутнов  учениците ги демонстрираа практичните вештини на сестринската работа, беше организирана опсервација на практичната сестринска работа во болницата во Трутнов,презентација на диететските листи што се спроведуваат во болницата.Исто така учениците од училиштето ги запознаа учесниците со историското и културното наследство на Чешка Република и прошетка низ прекрасните градови Трутнов и Прага.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.