Конкурс за упис – второ пријавување


ИНТЕРЕН КОНКУРС

за запишување на ученици во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп за учебната 2026/27 година- второ пријавување

Сектор: Здравство и социјална заштита

ПрофилБрој на местаГодини на образованиеМинимум потребни поени
Фармацевтски техничар14470
Физиотерапевтски техничар13470

Сектор: Лични и други услуги

ПрофилБрој на местаГодини на образованиеМинимум потребни поени
Техничар за козметичка нега и убавина10445
Фризер9330

Сектор: Текстил, кожа и слични производи

ПрофилБрој на местаГодини на образованиеМинимум потребни поени
Техничар за изработка на облека*22435
*дуална паралелка (соработка со компании)   

Сектор: Геологија, рударство и металургија

ПрофилБрој на местаГодини на образованиеМинимум потребни поени
Геолошко-рударски техничар*23435
*дуална паралелка (соработка со компании)   

I    УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ

Услови за запишување на учениците во прва година се:

  • да имаат завршено основно образование;
  • да не се постари од 17 години; а ученик со посебни образовни потреби да не е постар од 25 години;  
  • да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
  • да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој конкурс.

Критериуми за избор на учениците се:

  • среден успех на ученикот од VI до  IX одделение;
  • среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значение за секторот);
  • дипломи за освоени I, II или III место на меѓународен натпревар, при што ученикот добива 5, 4, 3 поени соодветно, како и за освоено I, II или III место на  државен натпревар организиран од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на  Министерството за образование и наука, ученикот може да добие 3, 2 и 1 поен соодветно;
  • средна вредност од поени добиени за поведение од  VI до  IX одделение.

За средниот успех од VI до  IX одделение, ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент10).

За средниот успех постигнат од четирите наставни предмети (два наставни предмети задолжителни за сите видови образование и два предмети што се значајни за секторот), ученикот може да добие најмногу 20 поени односно по 5 поени за секој предмет.

 За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:

-за освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени;

-за освоено место од државен натпревар организиран  од акредитирано здружение на наставници за реализација на натпревари во основно образование од страна на  Министерството за образование и наука, ученикот може да добие 3 поени за освоено прво место, 2 поени за освоено второ место и 1 поен за освоено трето место;

За средна вредност од поените за поведение од VI до  IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, Добро поведение се вреднува со 3 поени и Незадоволително поведение со 0поени. Средната вредност се добива како збир од поените за поведението од шесто до деветто одделение поделен со 4).

Учениците од ромска етничка заедница можат да се запишат во средно училиште ако имаат 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните нставни лпланови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаењата и вештините во соодветното училиште.

Примената на оваа афирмирана мерка се врши по завршување на рангирањето и не влијае врз статусот на веќе рангираните кандидати кои го исолнуваат минималниот пропишан број поени.

Утврдениот минимум број на поени за второто пријавување е составен дел на овој Конкурс.

ПРЕГЛЕД на наставни предмети од основно образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците:

СекторЗадолжителни предметиПредмети од значање за секторот
Здравство и социјална заштитаМајчин јазикБиологија
Англиски јазикХемија
Лични и други услугиМајчин јазикБиологија
Англиски јазикХемија
Геологија, рударство и металургијаМајчин јазикМатематика
Англиски јазикФизика
Текстил, кожа и слични производиМајчин јазикМатематика
Англиски јазикХемија

II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

По успешното електронско пријавување, учениците во избраното средно училиште ја доставуваат следната документација:

  • пријава за запишување (пријавата учениците ја генерираат со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги);
  • оригинални свидетелства од VI до  IX одделение;
  • извод од матичната книга на родени (без оглед на датумот на издавање);
  • дипломи з аосвоено I, II или III место од меѓународен натпревар односно златен, сребрен или бронзен медал и/или од освоено прво, второ или трето место на државен натпревар;
  • проценка за попреченост од системот за проценка на лица со попреченост.        

III. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето на учениците се врши преку електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk , со посебна најава преку сопствените кориснички сметки на https://schools.mk.

*ЈУНСКИ УПИСЕН РОК

Второ електронско пријавување

  • Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година, од 00:00 часот до 23:59 часот;
  • Доставување на потребната документација до училиштето е на 24 јуни 2026 година од 08:00 до 15:00 часот;
  • Конечна ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 25 јуни 2026 година, најдоцна  до 12:00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница www.gorcepetrov.mk ;


По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

Прилеп                                                                                              Директор:

22.06.2026 година                                                                             Жанета Видевска