Unification in diversity во Романија


4.6.2023. (Недела).        Тимот од Прилеп кој го претставуваше СОУ ,, Ѓорче Петров“ во состав: професорите Гоце Неделкоски, Слободан Петкоски и Пеце Алексоски со учениците Михаил Алексоски, Ана Марија Манческа, Ива Ацеска и Сара Лоџева тргна од 7:30. Во Трговиште стигнавме во 18:45 по што се сместивме во хотел.

5.6.2023.(Понеделник).               После поручекот не пречека автобус кој што не однесе во палатата на Констанин Браноковеану. Откако имавме презентација на палатата на Бранковеану автобусот не врати во Трговиште каде што имавме заеднички ручек. После ручекот ја посетивме кулата од Влад  Дракул која се наоѓаше веднаш до ресторанот каде што ручавме. После посетата на кулата се вративме во хотелот и имавме слободни активности.

6.6.2023.(Вторник).        Упатување кон училиштето во Морени каде што бевме одлично пречекани од домаќините. Запознавање со останатите земји. Презентирање на презентациите кои беа поврзани со животната средина и најважните знаменитости од секоја држава. Заеднички попладневен ручек и посета на молот во Трговиште.

7.6.2023.             Среда 4 ден од проектот, беше планиран за посета на замокот од Дракула како популарна дестинација кај туристите, кој се наоѓа во близина на Брашов. Имаше организирано водич кој не пречека и на фасцинантен начин ни кажа подетално се за замокот, не прошета и бевме воодушевени од она што го слушнавме таму. Потоа имавме малку слободно време за самостојна прошетка низ прекрасната природа што го опкружуваше замокот, а потоа имавме планирано ручек во Брашов, сите заедно. Потоа се вративме во Трговиште, и до крајот на денот имавме слободни активности кој ги искористивме за малку повеќе запознавање и дружба во парк.

8.6.2023.              Четвртокот имавме посета на училиштето во Морени таму имавме презентација на проектите и запознавање со културите и традициите на останатите земји. Дегустација на специјалитетите од домаќините, како и слободно време подоцна за прошетка во Трговиште и вечер за дружење.

9.6.2023.              Петокот имавме посета на Букурешт, запознавање на дел од знаменитостите кои ги поседува, и сместување во хотел, а вечерта ја завршивме со прошетка низ градот и вечера во турски ресторан.

10.6.2023.            Сабота  ден за враќање дома. Тргнавме во 11 часот од Букурешт а во Прилеп стасавме во 8 часот.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.