“Твоја Европа, твој глас”


На 23ти и 24ти март, тројца ученици и еден професор од нашето училиште ја претставуваа нашата држава на настанот “Твоја Европа, твој глас” во Брисел, Белгија. Тие беа активни учесници во активностите кои се одржуваа во Европскиот Комитет, а беа поврзани со идејата за поголемо учество на младите во демократските процеси. Заедно со останатите 35 делегации од 27 земји членки на Европската Унија, 7 кандидати и едно училиште од Брисел, тие ги унапредуваа своите знаења за тоа како да бидат активни граѓани, за демократијата и приликите кои ги нуди Европската Унија. Споделувајќи ги приказните од своите држави и со разменување на идеи, тие изградија план со кој младите можат да бидат поактивни во демократијата. Паралелно, професорите кои беа дел од настанот, ја проследија агендата која располагаше со разни активности и посети на музеи. Настанот заврши со претставувањето на “Театар Навпаки” од Полска, кои го посветија своето време на оддавање почит на Украина и воената состојба таму. Покрај тоа што нашата држава беше претставена во најдобро светло, прекрасен беше и неизбежниот дел на разгледување на прекрасниот Брисел и запознавање со неговата култура.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.