Традиционална средба со училишниот парламент и ученик – правобранител


Како и секоја учебна година, така и оваа, пред завршувањето на матурантите, на 14.05.2021г. во училишниот двор, беше одржана традиционална средба со Училишниот парламент, претседателите на класовите и Ученикот – правобранител. Оваа средба е во функција на резимирање на постигнувањата на учениците од завршните години во текот на нивното образование во нашето училиште и вештините и способностите кои ќе им помогнат успешно да влезат во светот на академските граѓани, а на учениците од пониските класови – поттик за уште поголем напредок. Исто така, Координативниот тим на училиштето на Проектот за правата на детето, во чиј состав работи Училишниот парламент и моделот Ученик – правобранител, им се заблагодари за извонредната соработка, ентузијазмот и креативноста на Ученикот – правобранител Матеа Поповска и Заменикот ученик – правобранител Филип Наумоски, кои исто така се матуранти. На средбата беше присутна в.д. директорката на училиштето Петра Лукароска, претседателката на Училишниот одбор Марта Макеска и претставничката на Советот на родители Гордана Кафеџиоска. На матурантите од срце им посакуваме успешна иднина и остварување на сите нивни креативни визии, а на сите наши ученици успех и добро здравје!

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.