На Конкурсот за најдобра литературна по повод 1 Декември – Ден на борба против сидата,
распишан од Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ во соработка со
училишната институција „Дете правобранител“, беа наградени следниве учесници:
Во категоријата Најдобра литературна творба беа доделени три места:
Прво место – Михаела `Ржаникоска од 2-3 клас од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“
Прилеп, за творбата „Ранета срна“. Ментор: Соња Мирческа.
Второ место – Стефани Петреска од 4-3 клас од СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, за творбата
„Зошто бегате од уште една, искрено подарена прегратка?“. Ментор: Елизабета
Пирганоска.
Трето место – Анастасија Бошкоска од 4-3 клас СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, за творбата
„Борецот од државата Хив, континент СИДА“. Ментор: Жанета Видевска.
Им честитаме на добитниците и им посакуваме уште многу успеси!!!