Група ученици од трета година од профилот Фармацевтско лабораториски техничар при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, предводени од професорките Венера Мишачковска и Весела Здравеска, како составен дел од наставната програма ја посетија Хемиската лабораторија на П.И. „Витаминка“ А.Д.
Директорот на контролно-развојна лабораторија Натали Петреска, ги запозна учениците со работата на лабораторијата и мерните инструменти.
Учениците имаа можност да видат неколку испитувања за квалитетот на некои суровини кои редовно се испитуваат во лабораторијата. Беше истакнато и тоа дека ваквиот начин на контрола на суровините, полупроизводите и амбалажата за производите е многу важен за добивање на стандарден и висок квалитет на производот.
Учениците пробаа и дел од производите на „Витаминка“, заклучувајќи дека квалитетот на нашите производи е на високо ниво.
Преземено од www.vitaminka.com.mk