ПРОСЛАВА НА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК


2 Април – патрониот празник на нашето училише е ден кога се празнува раѓањето на великанот и идеологот на македонската револуционерна борба – Ѓорче Петров. По тој повод беа организирани низа свечени настани и активности.

            На 29.4.2024г. во спортската сала на училиштето се одржаа ревијалните натпревари помеѓу одбојкарските екипи од средните училишта од Општина Прилеп. По таа пригода беа доделени соодветни признанија на прилепските средни училишта за успешна соработка на спортското поле од страна на директорот на училиштето г-ѓа Жанета Видевска, професорот Здравко Ристески –  претседател на СУС Прилеп додели признание за посебен придонес во училишниот спорт на професор  Тони Стевананџија.

            На 1.4.2024г. со почеток во 18:00ч., во просториите на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ се одржа Свечена академија, на која присуствуваа: градоначалникот на Општина Прилеп д-р Борче Јовчески и претставници од Локалната самоуправа, директори на средните и основните училишта од градов, претставници на Училишниот одбор и Советот на родители на училиштето, родители, професори и ученици. Пред преполна сала се одржа пригодната програма, во која учествуваа нашите ученици – членови на повеќе секции: литературната под менторство на проф. Лидија Ристеска; рецитаторската под менторство на професорките Лора Трајкоска Николоски и Ивана Велјановска; историската под менторство на проф. Ирена Јорданоска; хорот и музичката секција под менторство на проф. Наташа Велеска, драмската секција „Слободно театарче“ под менторство на проф. Билјана Тинтоска; играорната под менторство на проф. Здравко Ристески. Програмата содржеше разновиден репертоар од музички точки, поддржани од училишната музичка група „The doctors“, рецитации, перформанси и презентација на лични творби, комична претстава „Весело пазарче“ по текст и во режија на Филип Стојаноски, македонски народни ора и на самиот почеток, задолжително – химната и реферат за животот и делото на нашиот патрон Ѓорче Петров. Посебна благодарност изразуваме до директорката на НУЦК „Марко Цепенков“, г-ѓата Јасмина Мицовска Станкоска за отстапениот простор на театарската сала и љубезниот персонал, како и на: рок – бендот „No cigarettes“ и на Фото студиото ФАН Продукција Зоран Пилата, за техничката поддршка.

            Истата вечер, Младинската организација на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, по повод патрониот празник, организираше хуманитарна забава во кафе „Апореа“

На 2.4.2024г. во 10:00ч. пред бистата на великанот Ѓорче Петров, во центарот на градов, како и пред спомен – обележјето од родната куќа на Ѓорче на Варош, беше положено свежо цвеќе и се оддаде почит од страна на наставничкиот колегиум на училиштето, на чело со директорката г-ѓа Жанета Видевска, членови на Училишниот одбор и Советот на родители, како и делегација од Општина Прилеп, Сојузот на борци од Прилеп и ОК на ВМРО – ДПМНЕ Прилеп и делегации од училиштата во градов.

Нека ни е честит патрониот празник!