Онлајн прирачник од проектот First Aid Worldwide


Здравствените работници се практичари. Едуцирани се за давање прва помош, лекување и грижа за луѓето, но постои потреба од перманентно надоградување преку следење и применување на новините и слушање на нивните искуства.

За да ја претстават проектната работа и изработениот онлајн прирачник кој е преведен на неколку светски јазици и да дадат свој мал придонес во професионалното надоградување на здравствениот кадар, на 01.02.2023 г. професорите во СОУ„Ѓорче Петров“, Прилеп, Галена Дулеска и Петар Аризанкоски кои учествуваа во Еразмус+ проектот „First Aid Worldwide“, пред вработени од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ ја презентираа содржината на крајниот продукт од работата на проекот-меѓународниот онлајн прирачник за прва помош во кого на едноставен, рабирлив, сликовит начин, реално се прикажани и објаснети повеќе видови повреди и ситуации за кои е важна брзата и навремена помош.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.