Драги пријатели,
По повод Неделата на детето која што ќе се одвива од 7 до 10 октомври, СОУ Ѓорче Петров и Дете Правобранител од училиштето организираат сплет на интересни и креативни активности за млади.
Планирани се забавни и инспиративни активности за сите: пишување, цртање, филмска вечер
, танц, игри и сл.
Воедно, Youth Council Prilep -Младински Совет Прилеп ќе биде таму со вас за да ви сподели некои интересни информации, а можете да се придружите и на нашите активности кои ќе ги организираме со нашиот ЕВС волонтер од Франција.
Се гледаме во медицинско, од 7-10 октомври, секој ден од 13-14часот.
Каде? – СОУ Ѓорче Петров
Кога? – 7-10 октомври
Што? – Недела на детето
Дојдете
да пишуваме и цртаме, да уживаме во филмската магија, да танцуваме и играме, да се забавуваме и дружиме.
