Во четвртокот 10.10.2019 завршија активностите кои беа организирани по повод Недела на детето.
Активностите беа под раководство на Ученикот правобранител – Матеа Поповска и поминаа совршено. Настанот беше посетен од учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, а на дел од активностите учествуваа и ученици од СОУ „Мирче Ацев“ – Прилеп.
Се забавуваме, танцувавме, игравме, цртавме и пишувавме на платно, и исцртувавме искрени насмевки на нашите лица.
Благодарност до Коалиција СЕГА, Младински совет – Прилеп, Црвен крст – Прилеп, Дневен центар за деца со посебни потреби – Ѕуница и BetiZin кои го поддржаа и учествуваа настанот.
Благодарност до директорот Страшо Ѓорѓиески, педагогот Снежана Милошеска и психологот Лидија Жежова Алексоска и до сите професори на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп кои го поддржаа настанот и ги ослободија учениците за да можат на учествуваат на настанот.
Посебна благодарност до проф. Билјана Тинтоста, проф. Слободан Петкоски и проф. Гоце Неделкоски кои директно беа вклучени во организацијата на настанот.