Награди на конкурс од Здружението на литературните творци


На традиционалниот литературен конкурс што секоја година се организира од страна на Здружението на литературни творци – Прилеп, нашите ученички, под менторство на проф. Билјана Тинтоска,  повторно постигнаа висок успех со своите литературни творби. Имено, Јуле Атанасовска од 2-2 клас го освои Првото место во категоријата Најдобра песна. А Мартина Соколоска од 2-1 клас го освои Третото место во категоријата најдобар расказ. Јуле се претстави со песната „Кога“ , а Мартина со расказот „Последното писмо“. Им честитаме и им посакуваме уште многу успеси. СОУ„Ѓорче Петров“ се гордее со постигнувањата на своите ученици.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.