Проект со грант од Германска амбасада


Во СОУ ,,Ѓорче Петров‘‘ постојано се изнаоѓаат начини на учениците да им се овозможи квалитетна, активна настава и врвни општи, стручни и практични знаења. Примената на нови надгледни средства и простор прилагоден и организиран според потребите на учениците, се дел од патиштата да се стигне до квалитет.
Со цел да се создадат оптимални услови за учениците од здравствената струка кои во текот на своето образование ги изучуваат предметите Биологија, Анатомија и Физиологија се изработи проект, врз основа на кој се обезбеди помош и грант донација од Германската амбасада. Договорот беше потпишан во Скопје од страна на директорот на училиштето, Дејан Димоски и амбасадорката на Сојузна Република Германија во нашата земја, д-р Кристине Д. Алтхаузер и Валентин Црвенкоски, претставник од невладина организација.
При потпишувањето на договорот за проектот амбасадорката покажа интерес за струките кои се изучуваат во училиштето и ја истакна важноста на средното стручно образование и потребата од постојано вложување во него.
Финансиската поддршка на малите проекти од буџетот на Сојузното министерство за надворешни работи на Германија има за цел поддршка и поттикнување на социјалниот и економски развој во земјата-домаќин.

grant2

grant1

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.