Проект – Граѓани претприемачи и волонтери
Во периодот о д 11.12.2017 – 13.12.2017 во Барселона, Шпанија, се одржа првата транснационална средба меѓу кординаторите и претставниците на партнер училиштата од Македонија, Шпанија, Италија, Полска и Турција.
Представници од нашето училиште беа кординаторот на проектот Елизабета Милошеска и наставникот Венера Мишачковска.
На оваа средба се одредија датумите кои ќе бидат значајни за натамошните средби меѓу партнер училиштата вклучувајќи ги и учениците.
Кординаторот на училиштето домаќин на средбата не запозна со начините и методите на работа во нивното училиште, потенцирајќи дека волонтерството е една од позначајните работи кои треба да се разгледаат во иднина, вклучувајќи ги и малите и средни претпријатија.
Исто така имавме можност да се запознаеме и со нивната култура и традиција, посетувајќи го нивниот град како и позначајните знаменитости.