КОНКУРС
за запишување ученици во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп за учебната 2024/2025 година
Во прва година ќе се запишат 322 ученици во 10 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Здравствена струка – 136 ученици, 4 паралелки
Профил | број на ученици | број на паралелки | години на образование | минимум потребни поени |
медицинска сестра | 68 | 2 | 4 | 70 |
фармацевтски техничар | 34 | 1 | 4 | 70 |
физиотерапевтски техничар | 34 | 1 | 4 | 70 |
Текстилно – кожарска струка – 25 ученици, 1 паралелка
Профил | број на ученици | број на паралелки | години на образование | минимум потребни поени |
техничар за изработка на облека / техничар за моделирање на облека * | 25 | 1 | 4 | 45 |
*(соработка со компании) |
Лични услуги – 68 ученици, 2 паралелки
Профил | број на ученици | број на паралелки | години на образование | минимум потребни поени |
техничар за козметичка нега и убавина | 34 | 1 | 4 | 45 |
фризер | 34 | 1 | 3 | 30 |
Шумарско – дрвопреработувачка струка – 34 ученици, 1 паралелкa
Профил | број на ученици | број на паралелки | години на образование | минимум потребни поени |
техничар за обработка на дрво | 34 | 1 | 4 | 45 |
Геолошко – рударска и металуршка струка – 59 ученици, 2 паралелки
Профил | број на ученици | број на паралелки | години на образование | минимум потребни поени |
геолошко – рударски техничар * | 25 | 1 | 4 | 45 |
ракувач со рударски машини | 34 | 1 | 3 | 30 |
*(соработка со компании) |
За ученикот кој ќе се запише во паралелка во стручно образование која е означена со *(соработка со компанија), практичното образование ќе биде со зголемен број часови поминати во компанија.
I. УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ И КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ
Условите за запишување на учениците во прва година се:
- да имаат завршено основно образование;
- да не се постари од 17 години;
- да се определиле за план и програма за стручно образование и обука;
- да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
Критериуми за избор на учениците се:
- среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
- среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два предмети што се од значење за струката);
- дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
- средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.
Во средното образование за ученици со посебни образовни потреби се вклучуваат ученици според видот и степенот на попреченост.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаења и вештини во соодветното училиште.
Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта нема да биде обезбеден, ако избраниот вид образование (струка или насока) го има во општината, односно регионот.
Во училиштата каде што се пријавуваат поголем број ученици кои ги исполнуваат предвидените услови од планираниот број предвиден во овој конкурс, се организира квалификационо тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по следните наставни предмети и тоа:
- за здравствена струка – биологија и хемија,
- за другите струки – мајчин јазик и математика.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие:
- За освоена прва награда или златен медал на меѓународен натпревар 5 поени, втора награда или сребрен медал 4 поени и трета награда или бронзен медал 3 поени.
- За освоено место од државни акредитирани натпревари: за I место – 3 поени, за II место – 2 поени и за III место – 1 поен.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение, ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветто одделение поделен со 4).
Утврдениот минимум број поени за првото пријавување е составен дел на овој Конкурс.
ПРЕГЛЕДна наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавувањето на ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
- пријава за запишување (пријавата за запишување ја изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
- оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
- дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката, насоката, односно изборното подрачје;
- извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
III. КОНКУРСНИ РОКОВИ
Првото пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до15:00 часот.
Доставувањето напотребената документација до училиштата е на 20, 21 и 24 јуни од 07.00 до 17.00 часот и на 25 јуни од 07.00 часот до15.00 часот.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на училишната интернет страница https://gorcepetrov.mk/.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 28 јуни 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 28 јуни 2024 година, на огласната табла на училиштето.
Второто пријавување на учениците ќе се врши на 01 и 02 јули 2024 година до15:00 часот.
Доставувањето напотребената документација до училиштата е на 01 јули од 07.00 до 17.00 часот и на 02 јули од 07.00 часот до15.00 часот.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 03 јули 2024 година, најдоцна до 09.00 часот на огласната табла на училиштето и на https://gorcepetrov.mk/.
Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 05 јули 2024 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 05 јули 2024 година, на огласната табла на училиштето.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, можеда се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок.
Пријавување на учениците ќесе врши на 21 август до од 00.00 до 15.00 часот.
Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август од 07.00 до 17.00 часот.
Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави на 22 август 2024 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето.
По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не сезапишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документацијаподнесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.
Прилеп
29.03.2024 година