Во петокот 11.11.2016 во просториите на Градската Библиотека Борка Талески во Прилеп се одржа завршниот настан од проектот „Подобрување на професионалните компетенции на наставниците и постигањата на учениците во стручните училишта преку воведување на нов концепт на дигитално учење и поучување“ попознат како digitalschool.mk.
На успешните учесници во проектот им беа доделени сертификати.
Пред присутните се обратија проект координаторите и мастер обучувачи Влатко Бутлески и Гоце Неделкоски, Наташа Ванчева како претставник на наставниците обучувачи – дисеминатори и Олгица Славеска како претставник на обучените наставници.
На партнер училиштата СОУ Ѓорче Петров, СОУ Ристе Ристески Ричко и СОУ Наум Наумовски Борче од Крушево им беа доделени благодарници. Директорите на училиштата Дејан Димоски, Жарко Темелкоски и Фаница Николоска зборуваа за важноста на професионалниот развој и потребата од вакви обуки.
Специјално за оваа прилика имаше и видео обраќање на господинот Julian Stanley од Торино, Италија од седиштето на Европската Фондација за Обуки (ETF) – финансиер на овој проект. Господинот Stanley не штедеше на пофалбите за сите учесници во проектот, од организаторите до крајните корисници.
Проектот продолжува и наредната година, проширен на нови 8 училишта низ Македонија.