Со Erasmus + во Boronow – Полска


Во рамките на проектот „Граѓани претприемачи и волонтери” финансиран од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност група од пет ученици и две професорки од СОУ,, Ѓорче Петров “-Прилеп ја започнаа својата авантура наречена Полска.

Домаќин беше Zespol Placowek Oswiatowych – Boronow каде добрите домаќини топло не дочека и се погрижија подобро да ги запознаеме убавините на Полска. За време на престојот учениците учествуваа во голем број работилници, еко-активности, исто така се запознавме со богатата историја на Полска и научивме неколку традиционални танцови карактеристични за силесианскиот предел на Полска.

Учествуваа ученици од земјите Шпанија, Турција, Полска, Македонија и Италија. Во нашите глави се врежаа живописни слики и премногу добри пријателства кои никогаш нема да се избришаат.

Матеа Богданоска, Ангела Тасеска, Филип Бошкоски, Ивана Штрлеска, Сара Ѓорѓиеска. Менторките – Елизабета Милошеска и Венера Николова Мишачковска

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.