Ученици од текстилно-кожарската струка, заедно со професорките по стручни предмети Здравка Најдоска и Наташа Мирческа и директорката Жанета Видевска ја посетија ЈЗУ Општа болница ,,Борка Талески” и донираа чаршави и навлаки за потребите на ортопедско-трауматолошкото одделение и одделението за анестезија и реанимација . Донираните производи учениците ги изработија во училишната работилница. Со оваа хумана акција учениците уште еднаш ја покажаа својата солидарност, хуманост и подготвеност да помогнат таму каде што е најпотребно.



