Нашите ученици од текстилна струка заедно со директорката Жанета Видевска и професорката Јулијана Поповска беа дел од инспиративниот настан „Мода, едукација и технологија“ во рамки на DMWC модниот форум
Настанот обедини модни дизајнери, експерти и едукатори со заедничка цел – развој на современа, иновативна и одржлива модна индустрија, со силен акцент на поврзување на образованието со реалниот сектор.
Преку дискусии за новите технологии, 3D дизајнот и улогата на креативноста, се испрати јасна порака: иднината на модата лежи во знаењето, иновациите и соработката.
Горди сме што активно придонесуваме во создавање нови можности за нашите ученици!









