По објавениот Јавен повик за избор на заменик Дете – правобранител, на којшто се пријавија 11 (единаесет) кандидати, Комисијата во состав: директор на училиштето, училишен тим на проектот „Имплементација на конвенцијата на правата на децата во училиштата во РМ“, претставник на Коалиција СЕГА и Дете – правобранител на СОУ„Ѓорче Петров“ Прилеп, ги разгледа внимателно пријавите на учениците со потребната документација и одлучи оваа должност во наредните две години, да ја извршува ученикот Филип Иваноски од 3-3 кл.
Честитки до Филип, кому му посакуваме успешна работа, а на останатите кандидати успех на други полиња!
Текстот го подготви: проф. Билјана Тинтоска