Љубовта кон уметноста и дизајнот на облека наградена на Конкурс ,,Јелена Крстиќ‘‘


На 23.12.2020 г.. во просториите на СОУ,,Ѓорче Петров‘‘, Прилеп, со почитување на мерките за заштита од Ковид 19, беа доделени наградите, сертификатите и благодарниците на учениците-учесници на онлајн реализираниот Конкурс ,,Јелена Крстиќ‘‘, организиран во спомен и чест на нашата ученичка Јелена Крстиќ.

Настанот се одржа благодарение на ангажираноста на директорката на училиштето Петра Лукароска, спонзорот за наградите-компанијата ,,Комфи Ангел‘‘, родителите на прерано починатата ученичка, членовите на Активот по текстилство -професори во текстилно-кожарската струка и професорката по Ликовна уметност, Марта Макеска.


Оваа година за прв пат се додели Гран При наградата ,,Јелена Крстиќ‘‘. Наградата, која како финансиска помош ја иницираа родителите на нашата Јелена, тие заслужено и ја доделија на ученичката од завршната година на образование од текстилно-кожарската струка, Марија Станојовска. Марија е креативна и талентирана ученичка која себеси се гледа како иден дизајнер. Тоа беше сон, кој за жал на Јелена не и се оствари -нагласија родителите и им се заблагодарија на организаторите и на талентираните ученици во чии цртежи и дела ќе живее споменот на нивната ќерка.


Освен Гран при наградата за Марија Станојовска, беа доделени и следните награди:

– Прва награда освои талентираниот Антонио Ѓурчиноски


– Втората награда беше за Симона Стомнароска


-Третото место и третата награда и припадна на Михаела Ванчева

Конкурсот на тема ,,Современа облека инспирирана од делата на познати сликари‘‘ покажа дека во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп има талентирани ученици кои со љубов творат, креираат, прават комбинации на материјали и техники за да постигнат ефектни дела.

Настанот како традиционално случување ќе продолжи и во идните години за да го поттикне и промовира уметничкиот талент на учениците, креативноста , да даде до знаење дека естетиката и дизајнот на облеката се многу важни сегменти за современиот човек и да не поврзува со Јелена чиј креативен лет трагично заврши.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.