СОУ „Ѓорче Петров“ објавува
Повик
За учество на ученици во проектот:
„ ОДРЖЛИВОСТА КАКО ОПРЕДЕЛБА И ПАТ КОН ИДНИНАТА„ (SUSTAINABILITY AS A DETERMINATION AND A ROAD TO THE FUTURE)
Проектот е одобрен за финансирање од програмата RYCO Superschools. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект “Western Balkans School Exchange Scheme” кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Партнер училиште во проектот за училишна размена на СОУ „Ѓорче Петров“ е „Стручно хемиско и текстилно училиште“ од Шабац.
Училишната размена во Прилеп ќе се реализира од 21 – 27.3.2022 година, а училишната размена во Шабац ќе се реализира од 11 – 17.4.2022 година.
Во училишната размената ќе учествуваат 12 (дванаесет) ученици од текстилно – кожарската струка кои се ученици во втора и трета година во учебната 2021 – 2022 година. Учениците вклучени во проектот ќе имаат можност за стекнување на нови знаења од одржливата мода, надоградување на практичните вештини, интеркултурни компетенции за придонес во процесот на градење мир и помирување и меѓукултурното учење и дијалог во училиштето и локалната заедница.
Критериуми за избор:- ученикот да учи во текстилно – кожарска струка, во втора или трета година- различна етничка и национална припадност – различни социјална и економска средини- практични вештини – мотивација
Учениците при реализација на училишната размена ќе бидат придружувани од проектниот координатор Јулијана Поповска, професор по стручни предмети во текстилно – кожарска струка и Марија Јованоска, професор по стручни предмети во шумарско – дрвопреработувачка струка.
Заинтересираните ученици да аплицираат на следниот линк:
до 14.3 2021 година
За дополнителни информации можете да се обратите кај проектниот координатор професор Јулијана Поповска на julijanapopovska@yahoo.com.