Дебата на тема „Врсничко насилство“


Во рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ поддржан од Детската фондација Песталоци, во кој учествува и нашето училиште, со средства од проектот, на 15 април 2025г. се одржа дебата на тема „Врсничко насилство”.
На овој настан учествуваа наши ученици како и професори во улога на ментори кои заедно сплотени дебатираа и аргументираа на истоимената тема се со цел да се намали нивото на жртви од врсничкото насилство и да се подигне свеста кај учениците.

Проектот „Промоција на безбедна училишна средина“ се спроведува од страна на Коалицијата на младински организации СЕГА во партнерство со Македонскиот Центар за Граѓанско Образование, Првата Детска Амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и СМАРТ АП – Лабораторија За Социјални Иновации.