Сања Цветкоска ученичка во СОУ Ѓорче Петров – Прилеп, не само што реди петки во дневникот туку и се збогатува со медали и пехари во категоријата кадетки. Со наследните гени на татко и’, изведува подвизи на татамите.
На државниот натпревар во Скопје меѓу 14 натпреварувачи го освои 2 место каде што во финалето беше поразена со 3:2. Тоа беше карта за балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина каде што ја претставуваше Македонија во тимот за борби заедно со Морина, Милева и Петровска. Ги победија екипите на Бугарија и Србија со 3:0, а додека во финалето загубија од Хрватска со 2:0 при што го освоија второто место од вкупно 10 тимови.
Покрај учеството во борби екипно, учествуваше и во борби поединечно. Имаше вкупно 4 борби. Првата ја загуби од претставничка од Босна и Херцеговина со 0:1 но подоцна во репасаж борбата за трето место ги победи претставничките од Србија и Хрватска, но повторно загуби од Босанката за да на крајот го освои 5 место на Балканското првенство од вкупно 27 натпреварувачи.
СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп се гордее со ваквите ученици и секогаш ќе ја дава поддршката со цел промовирање на ученичките активности и надвор од воспитно-образовниот процес.