Сонот со упорност станува стварност, а креативноста е еден од водачите кон остварувањето на соништата. За учениците од текстилно – кожарската струка при СОУ„Ѓорче Петров“ остварувањето на сонот да создадат модели според сопствени идеи почна со вклучувањето во активностите предводени од модната креаторка Ирина Тошева.
На 26.10.2022г. во Кавадарци на настанот организиран по повод 30 години од соработката на USAID и РС Македонија на тематската ревија „Рециклирана убавина“ нивните модели изработени од отпадни текстилни материјали донирани од конфекцијата „Кули“ доработени според фантазијата на учениците – креатори продефилираа на модната писта. Нивните невообичаени идеи ги носеа ученици од средното училиште „Добри Даскалов“, Кавадарци. Симбиозта и креатор – модел беше прекрасна и поттикна многу аплаузи во преполната сала.Сонувајте, креирајте, фантазирајте и остварувајте!
Благодарност до сите наши ученици кои успешно не претсавија пред високи пратеници на USAID, амбасадорот на САД во Македонија како и кавадаречката публика.
Ирина Тошева, Ивана Паноска соработката беше прекрасна, а поттикот чекор кон идни успеси.