Podcast „Врсничко Насилство“


Со спроведен план од младинската организација на нашето училиште и помош на младинскиот совет во градот Прилеп, нашите ученици воведоа нова метода на просветување наречена подкаст.

На овој подкаст разговаравме за доста актуелна тема а тоа е „Врсничко Насилство“. Со овој подкаст сакавме да се прошири свеста за тоа што е врсничкото насилство и како да се справиме со истото. Нашите ученици дискутираа на неколку прашања, а тие се:

 -Што е булинг?

-Различни форми на булинг

-Кои се знаците дека некој страда од булинг?

-Физички булинг

-Психички булинг

-Сајбер-булинг

-Кој вид на булинг остава најголеми последици?

-Психологија на насилникот,жртвата и набљудувачот

-Како да создадеме безбедна средина?