Професорката Јулијана Поповска од нашето училиште заедно со 18 наставници од текстилни и земјоделски училишта ја истражуваше OWIS методологијата, во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Македонија“, реализиран од People in Need Macedonia, LEAD- Leaders for Education, Activism and Development, Ekovita и ARNO, а финансиран од Европската Унија.
Овој пристап поттикнува креативност, критичко размислување и активно учество на учениците, како и интеграција на темите за циркуларна економија и одржлива иднина во наставниот процес.
Со OWIS ја подготвуваме генерацијата која ќе создава решенија, а не проблеми!



