Во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп доделување на сертификати за успешно завршена мoбилност во рамките на проектот од европската образовна програма Еразмус+ Outside the box – Надвор од рамката.
Во просториите на СОУ,, Ѓорче Петров” Прилеп се одржа дисеминација на проект на Еразмус+ програмата: Outside the box – Надвор oд рамката. Дисеминацијата на стекнатите вештини и знаења ја вршеа учесниците во проектот под водство на проект координаторот – професорката Неда Ченто.
Проектот вклучува мобилност на 5 професори во периодот од 25 до 31 мај во Тарагона, Шпанија. Целта на овој проект беше да ги поттикне и обучи наставниците, образовниот кадар и оние кои sе заинтереsирани за развој на европски проeкти за учење за успешен ристап и управување со европските фондови. Да се зголеми знаењето за другиот образовен систем и да може добрите практики на задоволителен начин да се пренесат во сопствените училишни центри. Да се зајакне европската соработка меѓу – минатите, сегашните и идните – учесници на обуката и локалните училишта, развивајќи професионални мрежи низ Европа.
На настанот прва зеде збор директорката Жанета Видевска која ги поздрави присутните ученици и професори и ги повика учесниците на максимално пренесување на новите вештини на останатите професори и ученици во нашето училиште. На дисеминацијата преку Power Point презентација и видео учесниците под водство на проект координаторот ги пренесоа искуствата, новите знаења и вештини стекнати за време на мобилноста во Шпанија. Исто така, учесниците во мобилноста им ги презентираа на присутните позначајните
културно-историски знаменитости во Шпанија, кои ги посетија за време на викендите и им ја доловија шпанската традиција и култура на останатите ученици и наставници присутни на дисеминацијата. На настанот директорката и проект координаторот им доделија Europass сертификати на учесниците во мобилноста.
Прилеп 25.06.2024