Младинска размена “Sending Hope”


Искуства и впечатоци од  Младинската размена „Испраќање надеж“  (Youth Exchange “Sending Hope” II )

 

Во периодот од 11.06-19.06.2016 год, во хотелот Солферино – Струга се одржа семинар, организиран од Невладината организација „Јасна Иднина“, кофинансиран од Erasmus + преку Националната агенција на Република Македонија.

Семинарот вклучуваше 25 учесници од 5 држави: Македонија, Словенија, Хрватска, Бугарија и Романија. Нашата држава и нашето училиште го претставуваа двајца ученици од III-3 клас: Сара Долеска и Марио Јосифоски.

Темата на овој проект е промовирање на социјална вклученост и европска свест, подигање на свеста за човековите права и социјалната вклученост на малцинските групи и нивно активно вклучување во секојдневниот живот..

Основната цел на проектот е да се овединат младите од различни земји од Европа и да им се даде можност едни со други да ги истакнат своите перспективи за невработеност на младите, човековите права, социјална нееднаквост, различните култури на секоја од земјите учеснички и сл.

Групирани во тимови учесниците имаа можност да ги изразат своите ставови со цртање на разгледници и создавање на пораки на дадените наслови („Младинска невработеност во секоја од земјите учеснички“, „Човекови права“, „Социјална нееднаквост“, „Обедините во различноста“ и сл), а потоа секој тим ја презентираше изработената разгледница.

Покрај работилниците беа проследени и други  активности како : утрински игри, исполнување на дадени мисии (да се најдат дадените културни обележја на град Струга, Охрид), посета на Охрид и Вевчанските извори, Национални вечери на секоја од земјите учеснички (на овие вечери беа презентирани дел од културата, традицијата, храната  и значајните карактеристики на секоја земја учесничка),  кратко поставување на сите изработени разгледници за време на семинарот покрај кејот на реката Црн Дрим, доделување на сертификати.

За нас беше голема чест и задоволство што бевме дел од овој семинар, кој ни помогна да се стекнеме со големи искуства, нови пријатели, нови знаења кои ќе ни бидат од голема важност во иднина. Голема благодарност до организаторите и Националната агенција на Република Македонија кои го организираа, финансираа и поддржаа овој семинар, се погрижија се да се одвива според планираното, како и до директорот Дејан Димоски кој се согласи и го одобри нашето учество.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.