Средбите , контактите, сознанија, ги прошируваат видиците, ја менуваат патеката по која младиот човек ќе чекори кон иднината.
Да се види, да се биде информиран, да се создаде можност за избор, беше целта на посетата на матурантите од текстилно- кожарската струка при СОУ,, Ѓорче Петров‘‘ на дисперзираните студии од универзитетот ,,Гоце Делчев‘‘ од Штип, во нашиот град.
Учениците и нивните професори беа љубезно примени и добија исцрпни информации за студиските програми и условите за студирање од деканот, проф. д-р Винета Сребренкоска.
Беше нагласена потребата од соработка и можноста за здобивање со квалитетно високо образование во современи услови и блиску до дома, со помали трошоци.