Квиз на младинска организација


Младинската организација при СОУ Ѓорче Петров организираше квиз на општо знаење помеѓу средните училишта во Прилеп. Квизот се состоеше од 50 прашања од различни области, а истиот помина во фер и натпреварувачка атмосфера. Целта на овој настан е зајакнување на соработката помеѓу средните училишта како и запознавање на учениците од средните училишта и нивните младински заедници и се разбира сето тоа пропратено со дружба и забава. Честитки до наградените ученици и учениците кои учествува. Со овој настан нашата младинска организација ја затвора успешната година и ви посакува среќни новогодишни и божиќни празници. Останете во добро здравје.