Секој настан е можност за денес и инспирација за утре!
За учениците од прва до четврта година од текстилно-кожарскатa струка при СОУ,,Ѓорче Петров” и нивните професори таква прилика беше Инфо денот од проектот FASHION EMPLOYMENT HUB во организација на Текстилниот кластер претставуван од извршниот директор Наташа Сивевска . На настанот учествуваа од Македонската модна асоцијација, младите модни дизајнери Анастасија и Ѓорѓи и претставници на занаетчиската комора од Прилеп.Тие на индивидуален и оригинален начин со своите презентации, идеи и изработки ја поттикна љубопитноста и страста кон креирање и креативна работа, покажувајќи дека за успех е потребна фантазија зачинета со љубов, желба, храброст, упорност …