Еразмус+ проект „Провери го изворот пред да споделиш нешто”


Седум ученици и две професорки во периодот од 6ти до 10ти март беа дел од петтата, а воедно и последната мобилност од Еразмус+ проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто”, која се одржа во Сату Маре, Романија. Патувањето до Романија започна на 04.03.2023, со прва станица во главниот град на Унгарија, Будимпешта, каде учесниците имаа можност да поминат еден ден, пред патувањето на 05.03.2023 да продолжи до Сату Маре.

06.03.2023
Првиот ден од проектот, започна со посета на училиштето и топло пречекување од домаќините како и директорката на училиштето. Потоа, како дел од темата, беа изработи презентации од сите држави учесници во проектот (Италија, Турција, Грција и Романија) на тема: “Useful social media”, бидејќи социјалните мрежи играат важна улога во секојдневното учење на младите. Учениците исто така беа дел од играта “Treasure hunt” со цел полесно запознавање на градот Сату Маре како и неговата историја и значајни објекти.

07.03.2023
Вториот ден започна со посета на областа Марамуреш, каде учениците имаа можност да ги посетат: Merry Cemetery in Săpânța, Museum of Communism in Sighet, Monastery Bârsana – UNESCO heritage и подобро да се запознаат со различни знаменитости во Романија.

08.03.2023
Креативни работилници во културниот центар Ветиш го исполнија третиот ден од размената. Учесници од сите држави, работејќи во групи имаа можност да ја покажат својата креативност во изработка на различни видови нараквици, украси, како и готвење.

09.03.2023
Активностите на четвртиот ден се одвиваа во училиштето, каде учениците беа поделени во групи и работеа на презентации поврзани со темата, а беше одржана и дебата на тема “Social media is a useful tool for teenagers”. Останатиот дел од денот беше посветен на традицијата. Учениците се запознаа со традиционална музика, танцови и храна од Романија.

10.03.2023
Петтиот и последниот ден од размената беше посветен на изработка на видео за нашето искуство во Романија, евалуација на проектот, доделување на сертификати, затворање на проектот и враќање во Македонија. Во целокупното траење на проектот, учениците кои беа вклучени имаа можност да научат многу нови работи, како секојдневни корисници на интернетот и социјалните мрежи, како да препознаат лажни вести и како корисно да научат нешто на социјалните мрежи.