Професори од ERASMUS + проект гости во нашето училиште


Од 15 до 17 јануари бевме домаќини на гостите од  проектот од Еразмус + програмата ,,Училишта за медицински сестри од Чешка, Финска, Македонија и Шпанија, спроведуваат постапки за извршување на здравствена нега“. Овој проект е финансиран од страна на Европската Комисија преку Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност  со цел размена на искуства и добри практики.и ќе се реализира во период од две години 2018 -2020 година.

Не посетија девет професори од медицински училишта од Чешка, Финска и Шпанија. Првиот ден се запознаа со знаменитостите на главниот град со старата скопска чаршија, Калето, Камениот мост, куќата на Мајка Тереза, спомениците. Вториот ден во нашето училиште преку презентации се запознаа со нашето културно наседство, образовниот систем и анализата од извршената анкета за животниот стил на нашите ученици. Потоа учениците им ги презентираа практично кабинетските вежби. Третиот ден нашите ученици ги запознаа гостите со практичните бази во Општата болница ,,Борка Талески ,,каде се изведува практичната настава, а потоа учесниците од проектот го посетија Охрид со неговите знаменитости. Со добри впечатоци следниот ден ја напуштија нашата земја.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.