4.6.2023 година Тимот кој го претставуваше СОУ,,Ѓорче Петров” тргна од Прилеп во 9:05 часот. Во Славонски Брод стигнавме во 17:00 часот и се сместивме во апартмани.
5.6.2023 година Проектните активности во средното стручно училиште ,,Матија Антун Рељковиќ” од Славонски Брод почнаа во 9:00 часот. Беа присутни домаќините од Хрватска, двајца претставници од Англија, тројца претставници од Франција , двајца претставници од Германија, и четворица претставници од Македонија –професорите во СОУ,,Ѓорче Петров,, – Наташа Ванчева, Лидија Ристеска, Снежана Переска и Јане Стојаноски. Работата се сведуваше на анализа на претходните активности од проектот. Активностите завршија во 18:00 часот.
6.6.2023 година Учесниците од сите проектни партнери имаа можност да прошетаат низ Илок и да ја посетат винарската визба во овој град. Потоа во Шаренград ја посетивме на куќата на Динка Јуричиќ. Бевме и во Вуковар и Осиек.
7.6.2023 година Активностите започнаа во 9: 00 часот во училиштето домаќин . Претставничка на Црвениот крст на Славонски Брод изврши презантација во рамките на проект што го спроведува Црвениот крст во соработка со ЕУ -,, Оствари” , чија цел е работно ангажирање на повозрасни лица од женски пол кои им помагаат на стари лица. Потоа следуваше уште една презентација на тема: ,,Природна козметика” при што учесниците имаа можност и самите активно да учествуваат во подготовките на неколку природни средства за чистење и нега на кожа. Активностите од проектот завршија во 12:00 часот. Од Славонски Брод за Македонија тргнавме во 16.00 часот.
Следни активности од овај проект е поднесување на финален извештај од страна на координаторите.
Партнер-Координатор на проектот
М-р Билјана Тошеска