СОУ,,Ѓорче Петров‘‘ и Активот по текстилствo објавуваат:
КОНКУРС за изработка на цртеж на тема: ,,Дизајн на модна облека‘‘
Конкурсот го објавуваме во чест на нашата прерано почината ученичка Јелена Крстиќ, која остави белег во училиштето со својот интерес, талент за модно дизајнирање.
Цел на овој натпревар на креативноста е да се промовира модниот дизајн, да дојдат до израз талентот, фантазијата и вештините на учениците од СОУ,,Ѓорче Петров‘‘, како и да се поттикне комуникацијата и соработката меѓу нашите ученици.
Учесниците треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Да се редовни ученици во прва, втора, трета или четврта година од сите образовни профили во СОУ,,Ѓорче Петров‘‘;
- Да покажуваат афинитет кон различни видови на ликовни техники
Цртежите на дадената тема да бидат изработени на лист од Блок бр.4 со примена на некоја од следните техники:
- Молив
- Темперни бои
- Водени бои
- Колаж
- Koмбинирани техники
На задната страна од цртежот потребно е да бидат внесени следните податоци:
– име и презиме на авторот
– паралелка
– вид на применета техника
Напомена: Еден ученик може да учествува само со еден изработен цртеж
Конкурсот ќе биде отворен во периодот од 15.11. – 15.12.2018г, а заинтересираните ученици своите цртежи ќе може да ги доставуваат до наставниците по стручни текстилни предмети: Весна Смугреска, Здравка Најдоска и Наташа Мирческа.
Авторите на најдобрите 3 (три) изработени цртежи ќе бидат наградени со симболични награди.
Прилеп, 15.11.2018 г. Директор:
Страшо Ѓорѓиески