Во периодот од 09.-16.02.2019 година, во Истанбул се одржа третата обука за наставници од нашето училиштe. Тема на обуката беше ,,Online classrooms for European Schools”, а како учесници-претставници од СОУ,,Ѓорче Петров бевме професорките Билјана Рошкоска и Здравка Најдоска. Покрај усвојувањето на вештини за е-учење можевме да посетиме дел од знаменитостите со кои изобилува Истанбул, град распространет на два континенти, накитен со шаренилото на различни бои, мириси, град во кој се измешало старото, традиционалното и новото, модерното. Нишанташи универзитетот отвори пред нас еден нов свет и начин на учење, комбинација од дигитално учење и практично работење во најсовремени инклузивни услови, со многубројни, најнови надгледни средства и опрема.
Делот предвиден за обуката ни овозможи да стекнеме сознанија за е-учењето и учењето на далечина, да научиме и примениме некои алатки за создавање на он- лајн содржини и содржини кои лесно ќе се применат на часовите по сите наставни предмети, да знаеме методологии и платформи за изработка на е-курсеви.
Современите трендови на учење треба да бидат поврзани со модерната технологија што учениците успешно ја користат и во секојдневното живеење.
Во првиот дел од обуката под водство на искусниот обучувач ги одредивме чекорите за создавање на е-курс. За да се создаде и да биде успешен курсот, прво треба добро да се истражи пазарот, да се утврди која тема ќе се обработува. Потоа врз основа на тоа истражување се одредуваат содржината и целите на курсот (обуката). Следува креативната фаза – инструкцискиот дизајн , кога точно се дефинира со какви содржини ќе биде исполнет курсот, како ќе бидат тие спроведувани, која технологија ќе биде користена за разработка на темитекако ќе бидат вреднувани добиените знаења (тестови или други форми). Следува одредувањето на начинот за изработка на наставните единици.
Следните денови низ интерактивна тимска работа изработувавме аудио и видео материјали при што врз основа на јасно одредена тема и точно одрено сценарио ги спроведуваме активностите со изработка на материјали на различни теми, со користење на драматизација, раскажување, снимање и на крај синтетизирање на изработеното. Кратките филмови, видеа, аудио записите конструиирани на врз основа на точни и конкретни податоци со примена на мобилни телефони и hands free алатки се интересни форми за учење и дизајнирање на он – лајн курсевите при е-учењето. Во пракса тоа може да се постигне и со Storyboard и Storytteling.
Како материајл може да се користат и готови видеа од you tube, а истите (оние кои се титлувани ) може да се преведат на јазиот кој сакаме да го користиме.
Содржините кои се осмислуваат за учење и вреднување може да бидат внесени во Moodle, Ilias, Word Press и да се оформат курсеви кои ќе бидат практични за учениците и за поширок аудиториум на интерент мрежата.
Модерната технологија овозможува она кое што го зборуваме истовремено и да се запишува на мониторот во гугл документ.
Гамификацијата на учењето е уште една интересна форма за работа на часовите, кога низ игровни активности се разработуваат содржините или се усвојува нов материјал. Играта која се осмислува треба да има точно определени цели и правила за да може да се реализира непречено и да се добијат саканите ефекти во класот. Пр. Асоцијација – на учениците на табла или во компјутер им се запишуваат неколку поими, активности кои ќе им асоцираат на нешто. Врз основа на потврдените асоцијации се добива крајната асоцијација, која всушност ќе биде темата која понатаму ќе ја разработуваме.
Е- курсевите и е-обуките се можност за нови знаења , а на повештите и прилика за водење на бизнис.
Користени содржини, алатки , линкови во тек на обуката: authoring tool, https://www.audacityteam.org/… , https://blog.contipso.com/syveti-za-zasnemane-na-video-s-mo…, https://advego.com/plagiatus/…, (за проверка на оригиналноста , автентичноста на текстови кои може да се користат како дел од сценарио), https://blog.contipso.com/uspeshna-igrovizaciya-v-biznesa-i…? (за проверка на оригиналноста, автентичноста на текстови кои може да се користат како дел од сценарио)