На 7.3.2025 со цврсти и сигурни чекори марширавме не само како поединци, туку како обединета сила против ракот – битка водена со издржливост, надеж и непоколеблива храброст.
Чекоревме за воините што се уште се борат, за преживеаните кои нè инспирираат и за најблиските што ги изгубивме, но никогаш нема да ги заборавиме, носејќи го ветувањето за иднина ослободена од оваа немилосрдна болест.
Ние претставувавме повеќе од движење – ние бевме и сме револуција на надежта. Маршот го организиравме во соработка со @crvenkrstprilep и здравствената секција при СОУ „Ѓорче Петров”.
Им благодариме на сите членови на овие организации како и членовите на нашата младинска организација кои заедно се потрудија овој марш да стане дел од подигањето на свеста за победа на ракот.
ИМ БЛАГОДАРИМЕ НА СИТЕ КОИ БЕА СО НАС!