Здравствено едукативната секција ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ под менторство на стручните наставници Наташа Ванчева и Ленче Јованоска на 14 Ноември по повод Светскиот ден на дијабетот организираа и спроведоа активности со едукативен и хуманитарен карактер.
Членовите на секцијата изработија брошури со едукативна содржина на тема Дијабет.
Во холот од Прилепската болница како и во Домот за стари лица Киро Крстески – Платник, учениците – нашите идни медицински сестри кои се членови на секцијата мереа шеќер во крвта и крвен притисок.
Во склоп на активностите беше потпишан и меморандумот за соработка со здружението за едукација, советување, превенција и грижа на лица со дијабетес СИНА РЕВОЛУЦИЈА.
Сите активности беа реализирани во соработка со ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Борка Талески Прилеп.