„Фараонска мешаница“ филм на „Слободно театарче“ – Драмска секција на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп


Драмска секција на СОУ ,,Ѓорче Петров“ – ,,Слободно театарче“

,,Фараонска мешаница“, по сценарио на Филип Стојаноски и под менторство и режија на професорката Билјана Тинтоска. Костимографијата е на Сања Дамеска.

Филм чие дејство е лоцирано во амбиентот на Стариот Египет, а пораките произлегуваат од современиот живот. Акцентот е ставен врз подобрувањето на меѓучовечките односи, толеранцијата, почитувањето на различностите и надминувањето на стереотипите. А сето тоа – преку хуморот, низ призмата на човечките маани и робувањето на пороците. Имаме слобода сами да си го одбереме патот.

И сакаме повторно да внесеме малку ведрина, да измамиме насмевки на вашите лица, да поттикнеме храброст.

Улогите ги толкуваат:

Филип Стојаноски, Теона Крстеска, Ирина Јованоска, Фросина Конеска, Сања Дамеска, Фросина Петреска, Фросина Трајкоска, Илија Кулески, Бојан Гиноски, Христијан Паноски, Ѓорѓи Ацески Печијарески, Мила Јованоска, Теодора Велкоска, Вања Младеноски, Бојана Најдоска, Лора Божиноска, Теодора Димовска, Санџана Мефаилоска, Илина Тодороска,  Габриела Најдоска, Ангела Талимџиоска, Весна Присаѓанец, Михаил Јорданоски, Мухамед Даутоглу, Никола Котевски, Никола Јагуриноски, Леонардо Младеновски.

Снимање и обработка: ФАН ПРОДУКЦИЈА – Оливер Ангелески

 Посебна благодарност до директорката на СОУ,, Ѓорче Петров” Петра Лукароска, за безрезервната поддршка и до Државниот студентски дом ,,Н. Х. Орде Чопела” Прилеп, до директорот Филип Секулоски и љубезниот персонал, за отстапениот простор за снимање.

Уживајте и смејте се од срце! Смеата е здравје!

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.