СРЕЌЕН РОДЕНДЕН „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“


На денешен ден, пред 25 години нашата драмска секција заживеа на „штиците што живот значат“. Првата изведба ни беше драмата „Бегалка“ од Васил Иљоски, а наредната година „Госпоѓа министерка“ од Бранислав Нушиќ. Во наредните години изведовме уште неколку претстави од познати драмски автори.
Веќе 15 години, секцијата се претставува со свои текстови, излезени од дарбата и перото на Филип Стојаноски. Низ секцијата поминале и поминуваат многу посветени и талентирани ученици. Секој од нив оставил своја трага во нашето Театарче. Некои продолжија да се остваруваат како професионални актери, а некои од нив како Филип уште се моја ДЕСНА РАКА. Според тоа – еднаш глумец, цел век глумец. Сите наши членови се секогаш наши.

Нека ни се множат годините и успесите!
На овој собир го прогласивме и раководството на секцијата. Претседател е Михаил Јорданоски од 4-1кл., а негов заменик и потпретседател е Матеа Стојчевска од 3-2кл. Како координатор си останува Филип Стојаноски. Им посакуваме успешна и плодна работа, а на нашата публика ќе и приредиме уште многу театарски авантури!Воедно, упатуваме благодарност до директорката на училиштето, Жанета Видевска, за поддршката и присуството на нашата прослава!

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.