Драмската Секција „СЛОБОДНО ТЕАТАРЧЕ“ на СОУ „Ѓорче Петров“ Прилеп се збогати со нови членови.
Свежи сили се секогаш добредојдени и според онаа на Балашевиќ: „Неки нови клинци“ мора да го заземат местото на членовите кои ги испративме во академските сфери.
На ден 8.10.2024г. беше одржана Аудиција за прием на нови членови. Жири – комисијата беше во состав: Билјана Тинтоска – ментор, Филип Стојаноски – координатор и Михаил Јорданоски – заменик претседател.