Симпозиум


На 29/11/2024 година во ЈЗУ ГОБ 8 СЕПТЕМВРИ во Скопје се одржа вториот симпозиум на сестри инструментарки на кој нашите ученици Марко Костадиноски, Исидора Николоска, Матеа Стојчевска, Михаил Јорданоски, Марија Котева и Христина Кулеска под менторство на стручниот наставник Наташа Ванчева ја презентираа темата Задачи на медицинската сестра при прием на хируршки болен предоперативна припрема и постоперативна нега.

Темата беше презентирана преку кратка драма во која учениците не водеа низ приемот на пациентот за операција почнувајќи од моментот кога му се соопштува дека лекувањето мора да се спроведи со хируршки третман – операција потоа приемот на болничко одделение, постапката за припрема за операција и спроведувањето на постоперативната нега при што посебен акцент беше ставен на улогата на медицинската сестра.

На наше големо задоволство нашето училиште со учениците од здравствената струка – медицинска сестра кои воедно се и членови на здравствено едукативната секција – ЗДРАВЈЕ БЕЗ ГРАНИЦИ е единственото кое активно учествува на симпозиуми и конференции организирани од здружението за медицински стоматолошки сестри акушерки и техничари ЗАНАС рамо до рамо со медицинските сестри од нашата држава кои веќе се покажале и докажале во својата професија.

Со правилна едукација до подобра иднина и кон остварување на нашата цел.

ДЕНЕС УЧЕНИК – УТРЕ СТРУЧЊАК !

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.