Во период од 21 – 27.03.2022. во Прилеп се реализираше првата размена од проектот „Sustainability as a determination and a road to the futurе“ RYCO Superschools. Во проектот учествуваа партнер училиштата СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп и „Стручно хемиско и текстилно училиште“, Шабац со по дванаесет ученици од текстилна струка од втора и трета година и по двајца професори.
Во рамките на проектот учесниците имаа можност да се запознаат со градот Прилеп и да ги посетат неговите обележја и културно историски споменици, се реализираа интерактивни работилници кои имаа цел имплементација на процесите за градење на мир, помирување, мултикултурен дијалог и учење помеѓу училиштата, учениците и локалната заедница.
Модната дизајнерка Ирина Тошева одржа онлајн презентација, ги запозна учесницитесо концептот на одржлива мода, начини на доработка со текстилни остатоци и редизајнирање на постоечки парчиња облека.На креативните работилници во траење од 9 часа учесниците се стекнаа основни знаења и вештини за редизајнирана стара облека и употреба на текстилен одпад и ја подготвија Изложбата „Being different is in fashion“ која беше изложена во фоајето на домот на културата „Марко Цепенков“
Продолжуваме во Шабац 11-17.04.2022. на втората размена во рамките на проектот „Sustainability as a determination and a road to the a road to the futurе“ Ryco Superschools каде ќе ги надоградиме знаењата од областа на одржливата мода и инплементација на процесите за градење на мир, помирување, мултикултурен дијалог и учење помеѓу училиштата, учениците и локалната заедница.
Проектот е одобрен за финансирање од програмата RYCO Superschools. Програмата е дел од мултидонаторскиот проект “Western Balkans School Exchange Scheme” кофинансиран од Европската Унија и германското Сојузно Министерство за економска соработка и развој (BMZ) и имплементиран од Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) заедно со Регионална канцеларија за младинска соработка (RYCO).
Координатор на проектот е Јулијана Поповска, професор по стручни предмети во текстилно – кожарска струка СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп