Во периодот од 6ти до 10ти февруари во Кавала, Грција се одржа четвртата мобилност од Еразмус+ проектот „Провери го изворот пред да споделиш нешто”.
Покрај нашето училиште на средбата имаше претставници од училиштата партнери од Италија, Турција, Грција и Романија.
Од нашето училиште на мобилноста учество зедоа две професорки и седум ученици, кои имаа можност да се дел од програмата која ја предвидуваше проектот. Така, тие беа дел од презентации, работилници, квизови и предавања на кои ги продлабочија своите знаења поврзани со темата, имаа можност да научат нешто ново, но и да го дадат својот придонес. Учениците се запознаа со виртуелна реалност, безбедноста на социјалните мрежи и традиционалните и урбаните медиуми. Учесниците исто така тие имаа можност да се запознаат со различни интернет алатки што може да се користат во едукативни цели.
Неизбежен дел беше и запознавањето со градот Кавала и традицијата на грчкиот народ. Кавала ги фасцинираше своите посетители со сите нејзини знаменитости, а домаќините со нивното топло гостопримството. Учениците се вратија во Македонија со ново искуство, стекнати знаења, прекрасни пријателства и незаборавни спомени кои остануваат како најдобар доказ на добро и мудро поминатото време.


