Во согласност со предвидените активности кои се дел од проектот “Upgrading Professional Skills” финансиран од страна на Програмата Ерезмус+ на Европската Унија, Директорката на СОУ Ѓорче Петров – Прилеп го објавува овој Повик за поднесување апликации за учество на заинтересирани ученици во мобилност во Сицилија. Учениците кои можат да аплицираат треба да бидат најмалку втора година од Здравствена струка, и ученици од струката Лични услуги . Во рамки на овој повик можат да аплицираат и лица кои тукушто дипломирале (завршиле четврта година во текот на учебната 2020/21г).
Исто така учениците кои ќе бидат заинтересирани за учество во овај повик треба да бидат вакцинирани,како и професорите(3 двајца) кои ќе бидат придружни лица со учениците.
Избраните ученици ќе имаат мобилност за практична работа со вкупно времетраење од 21 ден во Сицилија,Броло.
Заинтересираните лица треба да го пополнат online формуларот кој е достапен на Интернет како и на Facebook страните на училиштето. Рокот за пополнување на овој формулар е 01.11.2021 год. На крајот од процесот на селекција ќе бидат избрани 13 (тринаесет) учесници од Здравствена струка и 7 ученици од струката лични услуги а критериумите за избор ќе бидат следниве:
- Соодветна мотивација (35 бода)
- Успех од оценки (20 бода)
- Училишни и други награди (10 бода)
- Економско/социјални приоритети (15 бода)
- Лична презентација за време на интервју (20 бода)
Конкретни датуми за праксата во Сицилија ќе бидат дефинирани дополнително, во согласност со можностите за патување.
За дополнителни информации можете да се обратите кај проектниот координатор Проф. Билјана Тошеска на roskoskabiba@gmail.com.
Линк за аплицирање:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSekoy63TyUDwjOSOp2TKdf5UfpK1qW9q6i6fl3z862mr0u5_Q/viewform