Од текстилен отпад до текстилен производ


На 05.10.2024 г. ученици од текстилно-кожарската струка при СОУ „Ѓорче Петров“ под менторство на стручни професори и во присуство на директорката на училиштето, беа дел од активностите организирани од компанијата за постапување со текстилен отпад „Тексомак“ и компанијата „Комфи Ангел“. Случувањата имаа за цел да ја поттикнат свеста на младите, но и на целото население за селекција, рециклирање и реупотреба на текстилниот отпад, кој е еден од најголемите загадувачи на животната средина.
Нашите ученици цртаа, сликаа, редизајнираа парчиња од текстил. Исто така, тие презентираа и продаваа производи кои сами ги изработуваат на часовите по практична настава следејќи ја идејата „Повеќе да креираме или донираме, помалку да фрламе“.

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.