Во рамките на проектот од европската образовна програма Еразмус+ Outside the box – Надвор од рамката директорката на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп Жанета Видевска, координаторот на проектот Неда Ченто и професорите Цветанка Стојаноска, Стојне Христоска и Лора Трајкоска Николоски учествуваа на мобилност во периодот од 25.05.2024 до 31.05.2024 во Тарагона, Шпанија. Целта на овој проект е да ги поттикне и обучи наставниците, образовниот кадар и оние кои се заинтересирани за развој на европски проекти за учење за успешен пристап и управување со европските фондови. Да се зголеми знаењето за другиот образовен систем и да може добрите практики на задоволителен начин да се пренесат во сопствените училишни центри. Да се зајакне европската соработка меѓу – минатите, сегашните и идните – учесници на обуката и локалните училишта, развивајќи професионални мрежи низ Европа.
Градот Тарагона е вистинско место за научници, истражувачи и историчари. Во градот Тарагона на секаде се гледаат остатоци од историското наследство на Римјаните. Еден од нив е големиот амфитеатар што потекнува уште од вториот век по Христос и располага со околу 14.000 места за седење. Во арената се одржувале борби со гладијатори и диви животни. Тарагона била повеќе од 2.000 години еден од најважните воени и политички центри на Римјаните. Сегашниот модерен град е создаден врз темелите и остатоците од римските градби. Една од улиците во Тарагона била дел од тогашниот т.н. циркус. Овде се одржувале трки со коњски приколки, а со нивните борби гладијаторите привлекувале илјадници туристи во градот. Онаму каде денеска се наоѓа центарот на градот, тогаш имало огромна арена за забава. Античкиот циркус е еден од најсочуваните во цела Европа.
Професорите ја посетија и Барселона. Барселона е многу елегантен град, познат по својата импресивна историја, култура, споменици, фантастична архитектура, музеи, галерии и интересни луѓе.
Професорите се вратија во Македонија со ново искуство, стекнати знаења и вештини, побогати со нови пријателства и незаборавни спомени.