Насоки за упис!


Драги полуматуранти, идни ученици во нашето училиште❣️

🗓️На 14 јуни 2025 г. започнува првиот уписен рок.
📌Првото електронско пријавување на учениците ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни 2025 година.
📌Доставувањето на потребната документација во нашето училиште треба да го направите на 18 јуни 2025 година од 08:00 до 19:00 часот и на 19 јуни 2025 година од 08:00 до 17:00 часот.
📌Сите коишто ќе наидете на проблем при електронското пријавување, ќе добиете помош за аплицирање од нашите тимови за упис.
📌Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе биде објавена на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12:00 часот на јавно место во училиштето и овде, на интернет-страницата на СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп.
📌Квалификациското тестирање ќе се организира во просториите на училиштето на 23 јуни 2025 година, а конечните ранг-листи со резултатите ќе бидат објавени на 23 јуни 2025 година на јавно место во училиштето и на интернет-страницата на училиштето.
📌Ви нудиме извонредни услови, можности и поддршка за професионален и креативен напредок, како и голем избор на атрактивни струки и разновидни занимања.

Ве очекуваме ❤️
Повелете во СОУ ,,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ” – ПРИЛЕП ❣️ Заедно ќе успееме❣️