Ученичка Фатима Алиоска од текстилно – кожарска струка/ техничар за изработка на облека под менторство на проф. Јулијана Поповска и модната креаторка Мирјана Ванчева дизајнираа и изработија модна креација за познатат дама Андријана Дукоска, со која беа дел од модниот настан „Креативен ден 2023“ кој се одржа во Офицерскиот дом во Битола.
„Креативен ден 2023“ претставува линк помеѓу образованието и бизнис секторот, промоција и афирмација на модата, поддршка на стручното образование, поттик на предприемништво меѓу младите и валоризација на домашните брендови во организација на текстилна струка СОУ„Таки Даскалот“- Битола, продукција „Божилович“ и КИЦ – Битола. На модната ревија продефилираа познати дами во креации од средношколци од средните текстилни училишта од Битола, Прилеп, Штип, Богданци и Струмица.
БАС – Бизнис Академија Смилевски како општествено одговорна компанија ги поддржа средношколците од текстилна струка, а како дел од поддршката беа и три ваучери за студирање на додипломски студии по бизнис и маркетинг менаџмент.